Скопје е еден од најевтините градови во светот, како и во регионот, покажа истражувањето на американската консултантска компанија „Мерсер“. Македонската метропола, според истражувањето на „Мерсер“, кое го пренесе хрватски „Вечерњи лист“ се наоѓа на 197. место, меѓу 200 светски града, рангирани според трошоците за живеење. Во регионот, пред Скопје е Сараево, кое се наоѓа на 196. позиција. Љубљана е на 137. место, а Загреб е доста скап и е на 71. место. Најевтин град на листата е Тирана, која го зазема последното 200. место. Истражувањето за трошоците на живеење на „Мерсер“ ги опфаќа цените на 200 производи или услуги, вклучувајќи ги сметките за струја, вода, комуналии, превозот, храната, основните работи потребни за домот и забавата. Њујорк е земен како основа за формирање на индексот, а цените се пресметани во долари. Според наведените параметри, во топ-десетте најскапи градови спаѓаат Луанда во Ангола, на второ место е Токио во Јапонија.
Скопје е еден од најевтините градови во светот, како и во регионот, покажа истражувањето на американската консултантска компанија „Мерсер“.
Македонската метропола, според истражувањето на „Мерсер“, кое го пренесе хрватски „Вечерњи лист“ се наоѓа на 197. место, меѓу 200 светски града, рангирани според трошоците за живеење.
Во регионот, пред Скопје е Сараево, кое се наоѓа на 196. позиција. Љубљана е на 137. место, а Загреб е доста скап и е на 71. место. Најевтин град на листата е Тирана, која го зазема последното 200. место.
Истражувањето за трошоците на живеење на „Мерсер“ ги опфаќа цените на 200 производи или услуги, вклучувајќи ги сметките за струја, вода, комуналии, превозот, храната, основните работи потребни за домот и забавата.
Њујорк е земен како основа за формирање на индексот, а цените се пресметани во долари.
Според наведените параметри, во топ-десетте најскапи градови спаѓаат Луанда во Ангола, на второ место е Токио во Јапонија. Москва во Русија е на четвртата позиција, а потоа следува Женева во Швајцарија. Цирих е на осмото место, а десеттото место го зазема Копанхаген во Данска.